Сите вработени чии месечни примања, од јануари до април годинава, биле до 15.000 денари ќе добијат ваучер за туризам од 100 евра. Ваучерот ќе може да се искористи од 15-ти јули до крајот на годината, информира на денешната прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши. Граѓаните ќе треба само да го прикажат ваучерот, кој е за една употреба, а потоа од страна на министерството за економија ќе се изврши исплатата на парите за сместување.

Министерството ќе изработи веб страна на која граѓаните ќе може да видат на кои места ќе може да го искористат ваучерот. Веб страната ќе биде достапна за две недели.

Доколку сместувањето чини повеќе од 6.000 денари, граѓанинот сам ќе си ја доплати разликата. Ваучерите, како и упатството за употреба, на граѓаните ќе им бидат доставени преку меил. Граѓаните кои до крајот на следната недела нема да добијат меил, треба да се обратат во министерството. Предвидена е и платежна картичка со 50 евра со која ќе може да се купуваат домашни производи.

OhridNews