Полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција Регионален центар Запад, денес доброволно ќе даруваат крв во рамките на крводарителската акција што до 13 часот ќе се одржи во службените простории над противпожарната единица во Охрид.

– Оваа хумана активност претставува продолжување на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената програма на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, предвидени се повеќе вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.  

На овој начин и припадниците на полицијата даваат активен придонес во про- моција на крводарителството како хумана  човечка вредност што живот значи, како и форма за поголемо приближување на СВР Охрид кон граѓаните.

OhridNews