Врховниот суд ги потврди пресудите на Апелациониот суд за предметот “Тенк” за набавката на луксузен “мерцедес“, во кој осудени на казна затвор беа поранешниот премиер Никола Груевски, високиот полициски службеник Ѓоко Поповски и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Врховниот суд ги одбилп барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените и нивните правни застапници.

За “Тенк” Никола Груевски доби две години затвор, Ѓоко Поповски беше осуден на 6 години и 6 месеци, а Гордана Јанкулоска на 3 години.

OhridNews