– Во овој момент Македонија нема демократки капацитет за ваков вид на избори со отворени листи. Можеби во некое идно време за 20 30 години ќе се случи тоа. Обично на тие листи ќе одат неколку видни личности, а другите помалку познати така што сметам дека во Македонија сеуште е рано за ваков вид на гласање со отворени листи, потенцира Ванчо Костоски, претседател на општинската ВМРО- Нардона партија.
Според Сашо Донев од Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ Охрид, моделот на отворени изборни листи е прифатлив, бидејќи е во насока на развој на демократијата и отвора можност за нивно докажување, но потребно е време за да се спроведе овој концепт.
– Концептот на отворени изборни листи е прифатлив за политичките помладоци на големите партии. Според нив, тоа отвора можност и за младите луѓе, но потребно е да се дебатира и да и се објаснат на јавноста придобивките од ваквиот изборен модел, во насока на развој на демократијата. Ние сме млада држава, припаѓаме на ЕУ и треба да ги прифаѓаме европските вредности. Кај партиите има демократрски капацитет, но треба време тоа да се сработи добро, вели Донев.
Иницијативата за отворени изборни листи ја реафирмира граѓанската асоција МОСТ, според која овој концепт на граѓаните им дава поголема моќ при изборот на претставниците кои ќе ги застапуваат нивните интереси.
– Утврдуваме дали Македонија е подготвена или не. Граѓаните сметаат дека отворените листи дефинитивно се начин на кој што граѓаните ќе имаат поголема моќ кој да биде нивни претставник. Караванот ќе ги обиколи поголемите македонски градови, завршна дебата ќе биде во Скопје. Концептот на еден изборен модел се утврдува дали е добар по 4 изборни циклуси и време е да се отвори дебата како да се унапреди овој модел. Една од опциите која што ја нудиме е пропорционален систем со отворени листи, нагласува дарко Алексов од МОСТ.
Концептот на отворени изборни листи деновиве беше претставен и за него се дебатираше и во Охрид. Заклучоците од дебатите во одржани низ градовите во земјава, ќе бидат преточени во амандмани кои ќе им бидат доставени на политичките партии.
OhridNews