По повод празникот Василица, Стара нова година, најголемиот производител на леб и печива АД „Жито Леб“, на 13-ти јануари во продажба ќе пушти колбурек со изварок од 500 гр. со паричка.

Колбурекот со паричка, како и широката лепеза производи на „Жито Леб“ може да ги најдете во продажните места на компанијата и во сите подобро снабдени маркети и продавници. 

Традиционално охриѓани со богата трпеза со месо, колбаси на жар, на 13-ти јануари ја слават Василица – „Православната Нова година“. Неизоставен дел од традицијата е и барањето на паричката во комат, баничка, пита, или во познатиот охридски специјалитет топејнца. Се верува дека на тој што ќе му падне паричката ќе го следи среќа цела година.

OhridNews