Во согласност со Акциониот план „Заедно против  дискриминација“ , кој  Советот на општина Охрид го усвои на минатата седница, Општина Охрид и Црвениот Крст денес на градскиот плоштад со почеток во 12 часот организираат културно уметничка манифестација.

Цел на акцијата е запознавање на популацијата со постоењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и со самото тоа подигање на јавната свест на луѓето.

Со овој закон се обезбедува спречување и заштита од дискриминација во остварувањето на правата загарантирани со Уставот на Република Македонија, законите и ратификуваните меѓународни договори.

Ваквите активности на општина Охрид и Црвениот Крст од Охрид се во соработка со Министерството за труд и социјална политика,  НВО „Еднаков пристап“ и меѓународната организација  „Британски Совет“.

OhridNews