Започна новогодишното украсување на градот. Посебен акцент ќе се стави на украсување на градскиот плоштад, паркот пред рибниот и градскиот парк вдолж целиот кеј почнувајќи од пристаништето до “Холандскиот парк”, информираат од јавното комунално претпријатие. „Ќе бидат употребени голем број светлечки реквизити, а ќе се потрудиме и оваа година Охрид во своето новогодишно светло да изгледа како европските метрополи“-велат од „Комуналец“.


Започна новогодишното украсување

OhridNews