Уште само два дена остануваат до најголемата предновогодишна забава во Охрид, која не смее да се пропушти.

На 25-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се случи „Зимска бајка“ со најдобрите евергрин рефрени во изведба на Емилија Маринова – пијано и вокал, Јован Куциноски – вокал, Горан Папаз – саксофон, Филип Стојкоски Зизи – тапани, Јане Тодороски – бас и Јован Бочвароски – гитара. За задоволството да биде целосно ќе се погрижи стендап комичарот Никола Тодороски со препознатливиот хумор. Тој подготвува ексклузивен материјал кој премиерно ќе биде изведен на предновогодишниот хепенинг во Центарот за култура.

За забавата на годината има само уште малку влезници во претпродажба по цена од 250 денари. Нив може да ги најдете во Топ Побако на градскиот плоштад и Топ маркет кај чинарот, во трафиката „Фибос“ во чаршијата и во мјузик шоп Зи зи Топ. А на самиот ден на настанот влезниците ќе се продаваат по цена од 300 денари само на билетарата во Центарот за кулура која ќе работи од 12 часот.

OhridNews