Започна украсувањето на градското пристаниште од каде во вторник, 19- ти јануари, ќе се осветуваат езерските води и ќе се фрла светиот крст. Традиционално се поставуваат и знамиња во централното градско подрачје.

Осветувањето на езерските води и фрлањето на светиот крст ќе биде во 10 часот. Литургии по повод празникот ќе се одржат во сите парохиски цркви, а поаѓањето на литиите кон градското пристаниште ќе биде во 9.45 часот.

Денот на рибарите, 20-ти јануари, годинава ќе се одбележи на Сараиште со почеток во 12 часот, каде ќе се подготвува рибна чорба, а бесплатно ќе се дели и пача, греана ракија и вино. Присутните ќе имаат можност да уживаат и во звуците на староградската музика и настапот на ансамблот „Билјана Јуниор“.

OhridNews