Утре, на 8-ми Декември, во претпладневните часови ќе се изврши поклонение пред моштите на Св. Климент Охридски на Плаошник, а ќе се положи и свежо цвеќе на спомениците на Св. Климет Охридски во дворот на ОУ „Св. Климент Охридски“ и на Градскиот плоштад.
Во чест на празникот, во 18 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи ликовна изложба и врачување на награди од конкурсот за најдобри литературни, музички и ликовни творби на учениците на Гимназијата „Св. Климент Охридски“. Во галеријата на Центарот за култура во 19 часот ќе се одржи и традиционалната изложба на роднокрајни ликовни уметници.
Во 20 часот во големата сала на Центарот за култура, ќе се одржи свечената академија во чест на Св. Климент Охридски, на која свечено обраќање ќе има градоначалникот Александар Петрески, а ќе бидат врачени годинешните награди и повелби „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“.