Кризниот штаб на општина Охрид синоќа одржа итен состанок на кој се координирале активностите за справување со снежното невреме. Сите расположливи ресурси се ангажирани во справување со ситуацијата, соопшти локалната самоуправа.
Градоначалникот на Охрид и претставници на локалната самоуправа зедоа учество во акцијата за извлекување на завеаните возила на магистралниот пат Охрид – Кичево во Дебарца, информирашe прес службата на општина Охрид.
Градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот на општината Димитар Спасески, синоќа, ги посетија дежурните тимови во охридските здравствени установи, кои, како што соопшти локалната самоуправа, работат непречено и сите пациенти се добро згрижени.
OhridNews