Денес, околу 11 часот, затвореник во Идризово, успеал да им избега на двајца чувари, кои го враќале назад во затвор од скопскиот Клинички центар каде бил на преглед. Инцидентот се случил кога двајцата затворски чувари застанале на паркинг во близина на бензиска пумпа, при што затвореникот избегал од комбето.

Надлежните велат дека е отворена постапка и се утврдува како дошло до бегството.

Избеганиот затвореник издржувал казна затвор од 7 години и 7 месеци за повеќе дела. Казната требало да ја издржува до декември 2025. Бил осуден за криумчарање мигранти, насилство, предизвикување општа опасност.