-Локалната самоуправа , во рамките на акциониот план за помош на лицата со хендикеп, досега презеде низа активности , кои се надевам дека ќе бидат далеку поголеми по влегувањето на Општина Охрид во втората фаза на децентрализацијата. Тоа подразбира и поголеми инвестиции за подобрување на секојдневието на лицата со хендикеп- рече на свеченоста претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески.
Во рамките на прославата , по свеченото отворање се одржа државниот натпревар за литературни творби од лицата со телесен инвалидитет и културно- уметничка програма.