
Од Министерството за земјоделство информираат дека претстојниот јавен повик на ИПАРД програмата овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници, можност за набавка на различна земјоделска механизација (вклучувајќи и трактори), како и зголемени финансиски лимити за крајните корисници на финансиската поддршка.
-Целта на оваа програмата е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување, потенцираат надлежните во Министерството за земјоделство.
Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата налагаат претходно склучување на договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови.
OhridNews












