
Лани во декември во земјава имало 32.413 туристи кои оствариле 64.687 ноќевања.
Бројот на туристите во декември 2014 година, во однос на овој месец од 2013 година е намален за 3,8 отсто, а бројот на ноќевањата за 6,3 проценти. При тоа бројот на домашните туристи е намален за 6,9, а на странските за 1,7 отсто. Воедно домашните туристи оствариле за 0,8 отсто помалку ноќевања, а странските за 10 проценти.
Најмногу туристи 3.866 биле од Бугарија, 3.212 туристи ја посетиле од Грција и 2.040 од Турција. Најпосетено било Скопје. Во текот на декември минатата година во Скопје според статистичките податоци имало 10.468.
OhridNews












