Ј.П.„Охридски Комуналец“  го заврши хортикултурното уредување на бетонската жардиниера на ул. „ Железничка“  по целата нејзина должина , на потегот од кружниот тек на ул. „15-ти Корпус“  до сообраќајната клучка на влезот во Охрид.

Во првата фаза бетонската жардиниера беше исполнета со земја и беше поставен систем за наводнување, а во рамки на втората фаза беа засадени 3.000 декоративни зимзелени грмушки од видовите: пироканта, прунус, лоницера, котонастер, пиреа и др.

OhridNews