Вчера, во 13.40 часот на патот Струга – Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ Фолксваген Пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 64- годишно лице од струшкото село Корошишта и возило „ Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 43- годишно лице од село Октиси, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „ Голф“, од село Октиси, која е пренесена во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „ Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица- Струга.

OhridNews