Жените бизнисменки од Македонија и Албанија на заеднички саем во СтругаЧетириесеттина жени бизнисменки од подграничните градови Струга и Подградец, од Албанија, во хотелот Дрим во Струга се претставија на предновогодишниот саем, во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија.

На саемот, што е дел од проектот „Промоција за женско претприемништво во пограничниот регион“,   финансиски поддржан од Европската Унија,  беа промовирани различни производи и бизниси кои ги водат жени од двете општини. Меѓу другото беа споделени и искуства, но и воспоставени контакти и првични договори за меѓусебна соработка и отворање  заеднички бизниси во иднина. Можеа да се видат различни производи, како и да се проба вкусна храна и традиционални специјалитети кои се подготвуваат во двата града.

Организрањето на саемот е дел од завршната фаза на проектот.

OhridNews