Од здружението на граѓани Песочан информираат дека во недела, 19-ти февруари, во 10 часот, население од општина Дебрца ќе одржи мирен протест во Ново Село покрај бензиската пумпа, против изградбата на асфалтна и бетонска база и сепарација во местото викано Царополе К.О Ново Село. Во дописот до медиумите се наведува дека на протестот ќе биде побарано од надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки против изградбата на базите и зачувувања на животната средина.
Доколку градежните активности продолжат, месното население најавува дека ќе се почне и со порадикални мерки, односно блокирање на патниот правец Охрид-Ки£ево.
Жителите од Дебрца и претходно протестираа против изградбата на асфалтната и бетонска база, предупредувајќи дека тоа ќе предизвика големи негативни последици врз животната средина во околината.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, при посетата на Дебрца најави дека ќе оствари средба со инвеститорот и со локалното население, кое се противи на изградбата на асфалтна и бетонска база во месноста Царополе со цел да се изнајде заедничко и соодветно решение и за двете страни.
OhridNews