При секои врнежи од снег, особено по последните, жителите од населбата „ Гоце Делчев“- Бараки се соочуваат со големи проблеми.
– Упатуваме апел до надлежните да се овозможат основни услови за движење во оваа охридска населба, односно ангажирање на механизација за расчистување на патиштата од снегот и мразот. Состојбата е алармантна, со оглед на местоположбата и ниските температури се создаде една ледена писта која го оневозможува движењето на граѓаните што е крајно опасно и ризично за жителите, особено од повисоките делови на населбата кои се оневозможени да извршат набавка на основни продукти пред новогодишните празници, се наведува во дописот од жителите на населбата.
Тие додаваат дека надлежните треба да посветат поголемо внимание и во однос на инфраструктурата во населбата, осветлувањето, како и честите прекини во водоснабдувањето.
OhridNews