Како дел од проектот “Ракотворбите од бабиното ковчеџе” на Женски центар “Бисера”, во Центарот за култура Григор Прличев, се одржа последната активност – изложба на тема: ,,Отворете го Ковчеџето од Баба”. На изложбата се претставија  изработените предмети на претходно одржаните работилници во рамки на проектот.

Целта на проектот е преку неговата реализција да се сочува културното богатство- рачно изработените носии, плетени и ткаени ракотворби кои во минатото ги изработувале охридските жени.

Проектот е одобрен и финансиран од Секторот за локален економски развој и туризам при општина Охрид.

OhridNews