Page not found - OhridNews

Демири и Манолева: Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила

Министерот за здравство, Илир Демири и заменик-министерката Маја Манолева, денеска беа во работна посета на Охрид, при што ги посетија Здравствениот дом во Охрид и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

Како што посочи Демири, изминатиот период значително се унапредени условите во Здравствениот дом и е подобрено нивото на здравствената заштита, со спроведените активности за реновирање на просториите во Службата за вакцинации.

Истовремено со обнова на лабараториската опрема и обезбедената медицинска апаратура проширен е делокругот анализи што сега се вршат во здравствената установа.

Како што ме информираше директорката, набавени се две амбулантни возила за Итната медицинска помош од сопствени средства, со што се изврши обнова на возниот парк, за поефикасно, побрзо и навремено реализирање на здравствените услуги за пациентите, изјави заменичката Манолева.

Со цел подостоинствени услови за пациентите и вработените, потпишан е договор за поправки, санација на објектот „Маларична“ со промена на дограма, фасада, кров и партерно уредување.

Исто така, спровена е постапка за санација на објектот амбуланта „Белчишта“ во вредност од 7.665.280 денари од сопствени средства.

OhridNews

Билтен: Контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, кривична за битолчанец

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и такси возила.

Притоа, контролирани се вкупно 101 возило од кои во Охрид-68, Струга-11, Кичево-15 и во Дебар-07. Кај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61 годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување судска одлука“ и „самовластие“.

Тој, свесно и спротивно на судска пресуда, става под хипотека недвижен имот во Охрид сопственост на друго лице и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 352.000 денари, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews

Се асфалтира локален пат во село Елшани

Во рамки на годишната програма за асфалтирање за уредување на градежно земјиште, се вршат активности за асфалтирање во руралните средини.

Денес, се асфалтира локален пат во село Елшани во должина од 250 метри и просечна ширина од 3 метри, информираат од Општина Охрид.

OhridNews

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“

Откажани се летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“.

На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Поради штрајкот, којшто според најавите треба да трае денеска и утре, глобално откажани се околу 400 лета и засегнати се околу 50.000 патници.

Во текот на овие два дена оваа авиокомпанија требаше да реализира 24 лета од Виена до градовите во поранешна Југославија вклучувајќи летови до Белград, Сараево, Загреб, Приштина, Скопје, Подгорица, Дубровник и Сплит.

OhridNews

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97.

Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција.

OhridNews

Бојаниќ: На мечот со Вардар ќе дадеме 100 проценти од себе и ќе се потрудиме бодовите да останат во Охрид!

Со Вардар не очекуваме еден јак машки натпревар. Ние ќе се подготвиме што подобро да одиграме и да го дадеме максимумот, колку можеме да одиграме да дадеме 100 проценти од себе, да се потрудиме трите бодови да останат во Охрид. Во оваа прилика ги повикувам сите навивачи да дојдат во што поголем број како и до сега да не поддржат, вели пикерот на ГРК Охрид, Владимир Бојаниќ.

Натпреварот се игра во недела, 31 март,  во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 18:30 часот.

OhridNews

На кино репертоарот утре филмот „Недела“

На кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид утре долго очекуваниот филм „Недела“ за Џеј Рамадановски. Проекцијата е закажана со почеток во 20.00 часот, а цената на карта е 150 денари!

Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.

Режијата е на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ, додека улогите ги играатт Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Милица Јаневски.

OhridNews

Хуманитарна акција за помош на лице со оштетен вид

Хумантарна акција за помош на лице со оштетен вид кое живее во лоши услови организира група младинци во рамки на ПХВ проект на Црвен крст Охрид.

Тие ќе продаваат книги од најразлични жанрови, донирани од самите младинци, и со собраните средства ќе му овозможат подобри услови за живот на лицето, информираат од Црвен крст Охрид.

Акцијата ќе се одржи на Градскиот кеј во текот на денешниот и утрешниот ден во периодот од од 11:00 до 14:00 часот.

Ве очекуваме во што поголем број!, порачуваат од Црвен крст Охрид.

OhridNews

Тошковски: Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои не водат до овие осомничени. Две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија, изјави Тошковски, во готување во поткастот „Претрес“.

Тој посочи дека се преземени 20 истражи дејствија и дека се прегледани над 50 камери и видео записи. Според првичните наоди, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.

Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран во парк во близина на поранешната фабрика „Железара“. Лекарот имал приватна ординација во поликлиниката „Железара“.

OhridNews