
ЗНМ потсетува дека професионалните стандарди и етика налагаат новинарите да пренесуваат точни и проверени информации и треба да застанат во одбрана на човековите права, достоинството и слободата. Медиумите во демократските општества имаат важна улога за јакнењето на правната држава и за контролата на власта.
Кога новинарите известуваат од судски постапки, согласно Кодексот, тие мора да бидат ослободени од сензационализам и треба да го почитуваат принципот на пресумпција на невиност, да известуваат за сите инволвирани страни во спорот и да не сугерираат пресуда.
Новинарскиот кодекс на етика инсистира новинарите свесно да не создаваат ниту да преработуваат информации што ги загрозуваат човековите права и слободи, да не говорат со јазикот на омраза и да не поттикнуваат насилство и дискриминација по која било основа.
ЗНМ, посебно апелира до колегите со личен пример да го чуваат достоинството на новинарството и да поттикнат взаемна солидарност и да не ги користат медиумите за меѓусебна пресметка.
Ги повикуваме медиумите протестите да ги покриват со искусни новинарски екипи, да им обезбедат соодветни легитимации и обележја, а полицијата да овозможи услови за новинарите непречено да известуваат од протестите и достоинствено да се однесува кон нив.
Освен тоа, апелираме и до организаторите и учесниците на протестите нивното незадоволство да не го истураат врз новинарските екипи затоа што насилството врз нив е апсолутно неприфатливо.-се вели во соопштението на Здружението на новинарите на Македонија.
OhridNews












