ОГЛАСИ

Во Охрид отворена Летна школа за архитектура

Вести | Охрид | 26.06.2017 16:49Посети : 3510

Вчера вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, се отвори петтата сесија на меѓународната Летна школа за архитектура, што ја организира Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Охрид.



На отворањето се обратија деканот на Факултетот за архитектура и дизајн, проф. д-р Мишко Ралев, како и раководителот на школата Владимир Десков, по што следуваше предавање на архитект Деан Лах на кое ја претстави работата на студиото Енота. 





ЛетнаТА школа за архитектура ќе трае до 2. јули. Тема на овогодинешната сесија е „Природни системи“ и ќе биде под раководство на архитектот од Словенија, Деан Лах, коосновач и партнер во реномираното архитектонско студио Енота од Љубљана, Словенија. Гости на Летната школа ќе бидат и архитектите Крешимир Рогина и Винко Пенезиќ од Хрватска и Јуриј Личен од Словенија. На школата учествуваат студенти по архитектура од Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје и студенти од Архитектонскиот Факултет при Униерзитетот Св. Кирил и Методиј. Во рамките на школата ќе бидат одржани и предавања од страна на гостите предавачи, а во сабота 01.07.2017 ќе се одржи и јавна презентација на студентските проекти.




Во претходните сесии на Летната школа на Факултетот за архитектура и дизајн гости тутори беа архитектите Јошихару Цукамото, Момојо Каиџима (Atelier Bow-Wow) од Јапонија, Симон Хартман, Симон Фроменвилер и Тило Херлих (HHF Architects) од Швајцарија, Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина (Penezic & Rogina architects) од Хрватска.


OhridNews
фото: Емил Јовановиќ

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1404 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833