Општина Охрид објавува Јавен повик за користење на финансиски средства од општинскиот буџет, наменети за субвенционирање на даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам.
Развојот на туризмот претставува организирана дејност на заедницата при што се превземаат мерки и активности, форми и облици за одржлив развој. Целта на субвенционирањето на оваа категорија на даватели на туристички услуги е подобрување на квалитетот на туристичката понуда кај луѓето од руралните средини кои меѓусебно соработуваат со цел да се постигне одржлив развој на туризмот со одржлив економски пораст, кој носи економска корист во микрозаедницата, се наведува во повикот.
Финансиската поддршка се обезбедува во рамки на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2026 година, а јавниот повик ќе трае 15 дена од денот на објавување, односно до исцрпување на предвидените средства.
Вкупен буџет за оваа намена изнесува 200.000,00 денари.
Повеќе детали на линкот.
OhridNews













