Ќе се поставуваат фотонапонски панели за стабилно водоснабдување во Шум. Hа терен, како што информираат од Општина Струга, биле извршени мерења за утврдување на местото каде што ќе се постават фотонапонските панели за снабдување на резервоарот за вода во селото Шум.

Овој проект претставува важен чекор кон користење на обновливи извори на енергија и зголемување на ефикасноста во снабдувањето со вода за жителите на оваа област. Со поставувањето на новите фотонапонски системи, апелираме да се заштити животната средина и заеднички да се грижиме за доброто на општината и сите нејзини жители, потенцираат.
Воедно, посочуваат дека фотонапонските панели кои биле претходно поставени на оваа локација во 2022 година биле украдени и случајот сè уште не е расчистен.
OhridNews














