ЈП Охридски Комуналец упатува апел до компаниите и домаќинствата за соодветно одлагање на пакувањето од картон. Посочуваат дека ситуацијата на терен покажува дека не се обрнува доволно внимание на начинот на одлагање на картоните од пакување.

Без правилно пакување на картоните, контејнерите се преполнуваат брзо, а многу често заради немање простор се остава отпад и надвор од контејнерите. Во таков случај и постапувачите кои го подигаат отпадот од пакување, а и нашите служби имаат потешкотии во собирање на отпадот. Дополнителен аспект е чистотата на селектираниот отпад. Валканата хартија и картон се контаминирани и не може да се рециклираат понатаму, велат од претпријатието.

Советуваат правните субјекти да одвојат време да го објаснат ова на своите вработени и да им дадат доволно време за да можат да постапат според правилата.

Отпадот е прашање кое нѐ засега сите. Селектирај правилно!, порачуваат.

OhridNews