Здравјето претставува највисока вредност и темел врз кој се гради благосостојбата на секое општество. Токму затоа, 7 април – Светскиот ден на здравјето, претставува значаен потсетник за важноста на грижата за човекот, за улогата на медицинската наука и за заедничката одговорност во создавање поквалитетен и подостапен здравствен систем. Овој ден, востановен од World Health Organization, го обединува светот околу заедничката цел – подобро здравје за сите.
Годинава, Светскиот ден на здравјето се одбележува под мотото:
„Заедно за здравје. Науката ја прави здравствената заштита подостапна.“
Оваа порака ја нагласува суштинската улога на науката како двигател на напредокот во здравствената заштита. Современата медицина, заснована врз научни докази, иновации и нови технологии, овозможува подобра превенција, порана дијагностика и поефикасно лекување. Благодарение на постојаниот развој на медицинската наука, здравствената заштита станува подостапна, поефикасна и поуспешна, отворајќи нови перспективи за подобар и поквалитетен живот.
Во време на динамични научни и технолошки промени, улогата на медицинските професионалци добива уште поголемо значење. Нивната посветеност, стручност и континуирана едукација се клучни во унапредувањето на здравствената заштита и заштитата на јавното здравје. Потпирањето на науката, доказите и професионалната етика останува сигурниот пат кон создавање поефикасен и поодржлив здравствен систем.
Традиционално, овој значаен ден свечено го одбележува и Македонско лекарско друштво, нагласувајќи ја важноста на медицинската професија и придонесот на лекарите во грижата за здравјето на населението. Преку свечени собири, научни активности и заеднички пораки се испраќа силна порака дека здравјето е заедничка одговорност – на институциите, здравствените работници и секој поединец.
По повод Светскиот ден на здравјето, Македонското лекарско друштво на 07 април 2026 година организираше свечен собир во Рагуса – Парк, во присуство на бројни лекари, здравствени работници, претставници на институции, стручни здруженија и гости.
Свечениот собир го отвори претседателот на Македонското лекарско друштво, проф. д-р Горан Димитров, кој во своето обраќање ја истакна важноста на медицинската наука, континуираната едукација и заедничката соработка во унапредување на здравствениот систем.
о пригодни обраќања на настанот се обратија министерот за здравство на Република Северна Македонија, г-дин Азир Алиу и претставникот на Светската здравствена организација во Република Северна Македонија, д-р Аким Али, кои ја потенцираа важноста на науката, партнерството и заедничката посветеност во градењето на посилен здравствен систем.
Во рамките на програмата, пригоден реферат на тема „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“ одржа проф. д-р Марија Димзова, која се осврна на современите научни достигнувања и нивното влијание врз подобрување на здравствената грижа.
Особено значаен дел од свеченоста беше доделувањето на традиционалните награди и признанија на Македонското лекарско друштво, за особени заслуги и придонес во медицинската дејност:Добитници на Повелби „Трифун Пановски“
Проф.д-р Гордана Ристовска
Проф.д-р Горан Кондов
Прим.д-р Жаклина Шопова
Проф. д-р Деска Димитриевска
Проф. д-р Славица Костадинова Куновска
Прим. Др. Диел Аголи
Д-р Злате Стојаноски
Д-р Сотир Ставридис
Д-р Тања Струменикова
Доц. Д-р Зорица Нановиќ
Проф. д-р Голубинка Бошевска













