8 медали за Македонија на 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада во Струга
30.06.25 12:32
Изминатиот викенд во Струга се оджа 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада, во организација на Математичкото друштво на Југоисточна Европа.
Олимпијадата заврши со доделување на медали на најуспешните. Беше доделено едно почесно признание, 20 златни, 36 сребрени и 40 бронзени медали. Вкупно беа наградени 97 ученици. Македонскиот тим освои 2 сребрени и 6 бронзени медали.
На натпреварувањето учествуваа математички надарени ученици до 15,5 годишна возраст од земјите од Југоисточна Европа, а согласно правилата на Меѓународната математичка организација на Југоисточна Европа, дозволено беше учество и на гостински национални репрезентации и од други земји кои не членуваат во оваа организација.
Јуниорската балканска математичка олимпијада во Македонија се организира по трет пат, откако претходно се одржа во 2000 и 2014 година. Организаторот на натпреварувањето, Сојузот на математичари за прв пат годинава доби финансиска поддршка од Министерството за образование и наука.
Турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ продолжи со два интересни натпревари во кои „Св Троица“ и „Охридски бисер Филеви“ запишаа победи Во првиот меч, екипата на Св Троица беше убедлива против Доо...
Иако јулската вечер синоќа во Опеница повеќе потсетуваше на доцна есен отколку на лето, а температурата се спушти под 10 степени поради студениот бран што вчера го зафати Охридскиот регион, публика...
Охрид вечерва ќе биде домаќин на еден од најзначајните музички настани ова лето Во клубот REBEL за првпат ќе настапи светската легенда на електронската музика SASHA, диџеј и продуцент кој повеќе од...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.