Издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје, во рамките на програмата на Министерството за култура за проекти од национален интерес, ја објави книгата поезија за деца „А треба да кажам“ од Славе Ѓорѓо Димоски.

Текстовите содржани во оваа книга се наменет за деца до десетгодишна возраст и се надоврзува на претходната книга „Збороигри 2“. Ова е негова петта книга за најмладите читатели, а претходните се: „Алиса“, „Кристален сон“, „Збороигри“, „Стихотека“ и „Збороигри 2“

КЕНГУРСКИ ЏЕБ

Љубопитен сум, ми бучи глава:
Во џебот кенгурот што ли става?

Можеби пустинска песок зел?
Или од ѕвезденото небо дел?

Можеби сончев залез од океан?
Или само здив од неговиот бран?

Или волшепствата на некој врач?
Можеби, пак, далечен детски плач?

Можеби сон на птица што лета?
Или, пак, скриен ловец на ветар?

Во џебот кенгурот што ли става?
Љубопитството мир не ми дава.

Тоа врие, расте и ме гребе:
Од џебот ѕирна кенгурче ̶ бебе!

OhridNews