Странскиот инвеститор од напредната автомобилска индустрија Костал ја оствари најголемата добивка во Охрид за 2025 со 7,6 милиони евра, според податоците кои „Фактор“ ги обезбеди од Централниот регистар.

На второто место е уште една странска компанија ЛТХ Леарница со 4,9 милиони евра, а на трето место е друштвото за производство на пластична амбалажа АСП-ПАК со околу 3 милиони евра остварени во овој македонски град.

Ина Трејд-Лоте, фирма за ископ на минерални суровини, е на четвртото место, а во првите пет е уште и Топлина од Подмоље позната по тоа што го доби последниот голем тендер на ЕСМ за ископ на јаглен за РЕК Битола.

Како изгледа листата на 10-те најдобри компании во Охрид во 2025 година прочитајте на следниот линк.

OhridNews