Ждрепката за 1/4 финалето во Лигата на Шампиони на мегдан ги однесе старите ривали Јувентус и Реал Мадрид кои минатата година беа протагонисти во финалето кое се одигра на Милениум стадионот во Кардиф.

Интересна пресметка во 1/4 финалето ќе биде англиското дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити. „Граѓаните“ имаат еден пораз во Премиер лигата и тоа од „црвените“ на Енфилд.

Во останатите две четвртфинални двојки силите ќе ги одмерат Севиља – Баерн Минхен односно Барселона – Рома. Првите мечеви се играат на 3 април, додека реваншите на 10 април.

Двојки:

Јувентус – Реал Мадрид

Севиља – Баерн Минхен

Барселона – Рома

Ливерпул – Мен Сити

OhridNews