На студенсткиот филмски фестивал Филмоција, кој е  дел од Институтот за филм – Филмска Академија Охрид, утре, 12-ти март, ќе биде прикажан анимираниот филм “Тор и легендата за Валхала”. Проекцијата ја овозможија Узенгија Дистрибуција и Агенција за филм на Репиблика Македонија за сите љубители на анимирани филмови.

“Тор и легендата за Валхала” синхронизиран на македонсија јазик ќе биде прикажуван во просториите на Академијата ФИОФА со почеток во 11 часот.

Влезот е бесплатен.

OhridNews