Во екипата на “The Expendables 3” сеуште се приклучуваат големи холивудски ѕвезди, а двајцата актери кои последни го потврдија нивното присуство се Мел Гибсон и Антонио Бандерас.

Сеуште не е познато дали Антонио Бандерас ќе ја игра улогата на еден од главните “добри момци” на Сталоне или ќе се приклучи кон спортивниот табор, додека Мел Гибсон дефинитивно ќе биде главниот негативец во овој филм.

“The Expendables 3 ” ќе ја има својата премиера на 15ти Август 2014 година.