Асфалтиран е патот за село Завој. Секое населено место заслужува модерни и безбедни патишта, посочува градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.

Ја развиваме патната мрежа на целата територија на општина Охрид. Ги поврзуваме сите населени места и го олеснуваме секојдневието на нашите сограѓани. Создаваме услови за локален економски и туристички развој, вели Пецаков.

Додава дека продолжува реализацијата на капитални проекти кои носат добробит за сите граѓани, а Охрид се менува на подобро.

OhridNews