Улицата „Аџи Мустафа“ доби нов лик со асфалтирање на коловозот со површина од 4800м2, како и изградба на нови сливници за ефикасно одведување на атмосферските води.
Со ова значително го подобруваме квалитетот на живеење и безбедноста во овој дел од градот. Продолжуваме посветено да работиме за подобар Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.
Вредноста на проектот, посочува, изнесува 8.079.000 денари, а е реализиран преку Министерството за транспорт преку проектот за локални патишта, како дел од заложбите на Општина Охрид за модерна и функционална инфраструктура.
Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид реализираа посета на Одделот за геријатрија при О...
Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со Специјализираната болница за нефрологија и дијализа од Струга во сабота, 21 ноември, организираат едукативна трибина насловена „Да збо...
Завршена е постапката за избор на проектант којшто ќе го изработи проектот со целокупната техничка документација за затворање на нестандардната депонија во Буково Воедно, течат активностите и за пр...