Улицата „Аџи Мустафа“ доби нов лик со асфалтирање на коловозот со површина од 4800м2, како и изградба на нови сливници за ефикасно одведување на атмосферските води.

Со ова значително го подобруваме квалитетот на живеење и безбедноста во овој дел од градот. Продолжуваме посветено да работиме за подобар Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Вредноста на проектот, посочува, изнесува 8.079.000 денари, а е реализиран преку Министерството за транспорт преку проектот за локални патишта, како дел од заложбите на Општина Охрид за модерна и функционална инфраструктура.

OhridNews