Екипите на Барселона и Баерн Минхен ги комплетираа тимовите учесници во 1/4 финалето во најеминетното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони.
Барселона пред своите гледачи со 3-0 го совлада Челси и со вкупни 4-1 го помина англискиот премиерлигаш. Лионел Меси со гол во 2-та минута од мечот ги најави позитивните работи за Барселона во реваншот со Челси. Во 20-та минута Осман Дембеле го дуплираше водството погодувајќи по асистенција на Меси. Конечните 3-0 ги постави Меси со вториот погодок на натпреварот, третиот во двомечот со „сините“.
„Баварците“ со нова победа овој пат 3-1 го „спакуваа“ Бешикташ од понатамошните мечеви во Лигата на Шампиони. Убедливата предност од (5-0) од првиот натпревар германците ја капитализираа со нова победа (3-1) и пласман понатаму.
Ждрепката за 1/4 финалето во ЛШ е закажана за петок со почеток во 12 часот, а покрај Барселона и Баерн Минхен ќе партипицираат Јувентус, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Севиља, Рома и Ливерпул.
OhridNews