Шпанска Севиља и навивачите го слават името на Висам Бен Једер кој со два погодоци во разлика од четири минути им пресуди на „црвените ѓаволи“ во реванш натпреварот на Олд Трафорд во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони.

Офанзивецот во игра влезе во 72-та минута на местото од Луис Муриел, а до 78-та веќе имаше постигнато два погодоци. Манчестер Јунајтед до крајот успеа само да постигне почесен погодок преку Ромелу Лукаку.

– Нема подобро место од Олд Трафорд за испишување историја. Тимот на Севиља прв пат ќе игра помеѓу осумте најдобри, а јас ги постигнав одлучувачките погодоци. Овој меч и двата погодоци ќе ги паметам вечно. Победата најмногу ја заслужија нашите навивачи кои повеќе веруваа победа отколку ние после ремито 0-0 на домашен терен. – изјави Бен Једер.

По комплетирањето на осминафиналната фаза по пат на ждрепка Севиља ќе го добие ривалот за влез помеѓу четирите најдобри.

OhridNews