Во рамките на Проектот: „Четврта годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати третиот поетско – прозен Алманах.

Ги покануваме сите роднокрајни автори од Охрид да испратат исклучиво нови, необјавени творби на слободна тема напишани меѓу мај 2025 и мај 2026 година. Книгата ќе има најмногу 100 странци и во неа ќе бидат застапени не повеќе од 50 автори со по една песна или со по 1 расказ, извадок од расказ или од роман, велат од Библиотеката.

Поетските творби, посочуваат, не смеат да бидат подолги од 24 стихови а расказите, извадоци од раскази или романи да имаат најмногу до 8000 карактери или 3 страници во А5 формат, напишани во 12 – Тimes New Roman.

Доколку бројот на автори биде поголем од можноста за печат на алманахот, Библиотеката го задржува правото да направи селекција на пристигнатите трудови кои ќе влезат во печат.

Творбите треба да се испратат на е – адресата: [email protected] најдоцна до 10 мај, 2025 година.

Средбата на роднокрајни автори е планирана за 3 јуни ( среда) во 12 ч.

Носител на проектот е м-р Милчо Јованоски.

OhridNews