На 30.04.2026 во 00:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 36-годишно лице од Охрид.

Неговата 65-годишна мајка го пријавила дека на 29.04.2026 околу 21:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неа, како и кон својата сопруга, при што им упатил закани и ги избркал од домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 29.04.2026 во 14:20 часот на магистрален пат Охрид–Кичево, кај с.Ботун полициски службеници лишија од слобода 29-годишно лице од с.Колари, кичевско.

При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле товарно возило „ман“ со приколка со кичевски регистарски ознаки, кое лицето го управувало и по извршени проверки, било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 29.04.2026 во 10:45 часот на ул. „Дејан Војвода“ во Охрид, полициски службеници лишија од слобода 62-годишно лице од Охрид.

При сообраќајна контрола на патот, полициски службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, кој лицето го управувало и по извршени проверки, било констатирано дека не поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 29.04.2026 во 20:55 часот на Граничен премин Свети Наум, на влез во државата, полициски службеници лишија од слобода три лица на возраст од 52, 51 и 26-години, сите од Р. Албанија.

При вршење проверки на патничко возило „ауди“ со албански регистарски ознаки, управувано од 52 годишното лице, истото агресивно се однесувало и омаловажувало царински службеник кој извршувал службени дејствија, а другите две лица се обиделе да спречат полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews