СВР Охрид информира за четири одделни пријавени случаи на физички напади, меѓу нив и врз малолетни лица.
На 03.05.2026 во периодот од 15:15 часот до 16:00 часот во СВР Охрид бил извршен службен разговор со 47 и 65-годишни лица, двајцата од охридско, постапувајќи по претходна пријава од 30-годишна жена, со престој во охридско, дека физички ја нападнале нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.05.2026 во 18:30 часот во СВР Охрид, 35-годишен маж од Охрид пријавил дека околу 16:00 часот во игротека во трговски центар во Охрид, неговото малолетно дете, било физички нападнато од друго дете, при што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.05.2026 во 20:15 часот во СВР Охрид, 26-годишно лице од с.Лактиње, општина Дебрца, пријавило дека околу 01:20 часот во Охрид, по претходно недоразбирање во сообраќајот, тој и неговиот малолетен брат биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
На 03.05.2026 во 23:10 часот во СВР Охрид, 35-годишно лице од Охрид пријавило дека во казино во Охрид било физички нападнато од 36-годишно лице од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













