Синоќа во 22:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 25-годишно лице од с.Мороишта, струшко и патничко возило „Форд“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 40-годишна жителка од с.Мислешево, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената што го управувало возилото „Форд“ додека нејзиниот 41-годишен сопатник од истото село се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

 

OhridNews