На 23.03.2026 во 10:30 часот во СВР Охрид, 48-годишна жена од Охрид, социјален работник во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид, пријави дека истиот ден на работното место, жена од Охрид ѝ упатувала закани поради незадоволство дека и била укината парична помош.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 54-годишно лице од селото.

Лицето било пријавено дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со 29-годишно лице од Битола, со престој во охридско село.

Лицето било пријавено дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews