На 24.11.2026 година во 01.40 часот, на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид приведени се 35, 33, 21 и 25-годишни лица, сите од Охрид, по претходна пријава дека, во алкохолизирана состојба го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 23.11.2026 година во 10:34 часот, во ОВР Струга е пријавен пожар во помошна просторија што ја користело Јавното претпријатие „Комунално“ во Струга.

Повредени лица нема, а предизвикана била материјална штета. Со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews