На 10.05.2026 во СВР Охрид е извршен службен разговорот со 55-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на 09.05.2026 околу 18:00 часот во казино на ул. „Партизанска“ во Охрид физички нападнал 40-годишно лице од Охрид.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 10.05.2026 во 13:10 часот на ул. „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 35-годишно лице од Охрид.

Тој бил спроведен во здравствена установа во Демир Хисар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51 и 26-годишни лица од Република Албанија поради сомнение дека сториле кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 29.04.2026 околу 21:00 часот на Граничен премин „Св.Наум“ на влез во државата, едно лице од Албанија го нарушило јавниот ред и мир, а кога полициските службеници преземале мерки за негово приведување, пријавените со употреба на физичка сила, туркање и агресивно однесување ги спречувале да преземат службени дејствија, додаваат од СВР Охрид,

OhridNews