СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Охрид поради постоење основи за сомнение за сторени кривични дела „насилство врз дете“ и „неизвршување на судска одлука“.
На 24.03.2026 во семејната куќа, пријавениот физички го нападнал неговиот син, иако имал Решение од Основен суд Охрид со кое му било забрането да врши физичко и психичко насилство врз неговата сопруга и нивните деца, информираат од СВР Охрид.
На 03.04.2026 во 16:35 часот на магистралниот пат Охрид–Струга, на место викано „Распаќе“, полициски службеници од ОКП-Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 36-годишно лице од Охрид.
При преземени мерки, полициските службеници извршиле преглед над патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари и мобилен телефон. Додека, при извршен претрес во помошен објект, кој го користел пријавениот била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 03.04.2026 во 17:00 часот во СВР Охрид, 36-годишно лице од Скопје, со престој во Охрид пријави дека околу 13:05 часот во верски објект во Охрид, лице агресивно се однесувало кон него.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВр Охрид.
OhridNews













