На 18.11.2026 во 11:30 часот во СВР Охрид, од основно училиште во Охрид е пријавено дека нивна 11-годишна ученичка во семејниот дом била физички малтретирана од нејзината мајка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
На 19.11.2026 во 03:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 42-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата вонбрачна партнерка, дека физички ја нападнал по кратка расправија во неговиот дом.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 18.11.2026 во 23:30 часот во СВР Охрид, 49-годишно лице од с.Куратица, охридско, пријави дека од домот се оддалечила неговата ќерка, 23-годишна, од с.Куратица.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 18.11.2026 во 18:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека во с.Ложани, струшко, настанал пожар во автомеханичарска работилница, сопственост на лице од с.Ложани.
Од пожарот е зафатено патничко возило и кровот на објектот. Од Територијалната противпожарна единица Струга пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид, додаваат од СВР Охрид.
OhridNdews












