На 01.05.2026 во 02:30 часот, жител од охридско село, во СВР Охрид пријави дека на 30.04.2026 година, од семејниот дом се оддалечила неговата 16- годишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 30.04.2026 во 00:22 часот во СВР Охрид е пријавено дека охриѓанец во семејниот дом бил агресивен кон членови на неговото семејство.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
OhridNews













