Вчера вечерта во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 37-годишно лице од охридско.

Претходниот ден околу 21:00 часот во семејниот дом тој физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, а подоцна со остар предмет ѝ се заканувал нејзе и на нивните пријатели. Против него е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од осум дена# соопшти СВР Охрид.

Ноќеска во 02:56 часот во СВР Охрид, 40-годишен жител на с.Ботун, општина Дебрца пријавил дека околу 02:00 часот во угостителски објект во с.Лешани тој и двајца негови пријатели биле физички нападнати од две лица од Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во СВР Охрид, полициски службеници извршиле службен разговор со 48-фодишна жена од Охрид, постпаувајќи по претходна пријава дека на 16.04.2026 се заканувала на нејзиниот 47-годишен сопруг, а на 18.04.2026 физички го нападнала на неговото работно место.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.04.2026 во 15:50 часот во СВР Охрид, 33-годишен охриѓанец пријавил дека на кеј „Македонија“ во близина на градското пристаниште бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Охрид.

OhridNews